Во четврток, на 11 мај 2017 година, во Градската сала Центар во Скопје, ќе се одржи Првиот национален форум за реорганизација на водниот сектор. Проектот за Локални реформи подготвува долгорочна стратегија за подобрување на целокупната организација на секторот за вода и санитарии. Ова вклучува оценка за тоа како може да се реши фрагментацијата на секторот, како услугите за вода и отпадни води можат да се издвојат од другите општински услуги и како испораката на услуги може да се регионализира и комерцијализира.
Националниот форум обезбедува можност за сите засегнати страни и експерти во водниот сектор да започнат дијалог, да размислат за меѓународните практики и да дискутираат за можностите.
Форумот е организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и од проектот финансиран од ЕУ „Реформа во системот за снабдување, собирање и пречистување на вода на локално ниво“, кој го спроведува Ептиса со партнерите од конзорциумот. Модератор на Форумот ќе биде г-ѓа Јадранка Иванова, шеф на Одделот за ЕУ, СПО/ИПА координатор, Министерство за животна средина и просторно планирање.