Поставување на темелите за изградба на новата делница од автопатот Демир Капија–Смоквица, дел од Паневропскиот коридор 10

Поставување на темелите за изградба на новата делница од автопатот Демир Капија–Смоквица, дел од Паневропскиот коридор 10

На 8 септември 2012 година, беше поставен темел близу Демир Капија, со што официјално започна изградбата на нова делница од автопатот Демир Капија–Смоквица со должина од 28,4 км, како дел од Паневропскиот коридор 10.

На церемонијата присуствуваа премиерот на Република Македонија, г. Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии, г. Зоран Ставрески, вицепремиерот г. Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиевски, министри од Владата, пратеници на Собранието на Република Македонија, директори на јавни претпријатија и државни институции вклучени во подготовката на проектот, градоначалници од регионот и други.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија, г. Aиво Орав, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија.

Овој проект е кофинансиран од Инструментот за предпристапна помош (IPA) со износ од 45 милиони евра од Компонентата за регионален развој, кредити обезбедени од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој, како и средства од буџетот на Република Македонија (национално кофинансирање).

Сите говорници на церемонијата го истакнаа значењето на овој проект и завршувањето на единствената делница од Коридорот 10 во Република Македонија која до сега не беше покриена со автопат, со оглед на тоа што претставува значајна артериска патна инфраструктура во север-јужната оска од Табановце до Гевгелија и што ќе ја збогати инфраструктурата со модерен автопат изграден според сите европски стандарди.

Исто така беше посочено дека изградбата на оваа делница претставува инвестиција со највисока вредност во државата од нејзината независност до денес, а самата изградба ќе го олесни сообраќајот на сите граѓани и корисници на услуги од европските земји, развојот на економијата и размената на материјални добра, намалување на транспортот, зголемување на безбедноста во сообраќајот итн.

Поставувањето на темелот во суштина означи почеток на теренските работи од страна на изведувачот на градежните работи.

Мени за пристапност