На 6 октомври, во деловниот салон на Скопскиот саем, се одржа Националната водна конференција.
Конференцијата, организирана од Ептиса, ги собра три проекти кои моментално се реализираат во земјата и се занимаваат со водни реформи:
-
Реформа во системот за снабдување, собирање и пречистување на вода на локално ниво;
-
Развој на Национално водно студија; и
-
Реформа во водниот сектор на централно ниво.
Конференцијата, како и самите проекти, беше организирана со Министерството за животна средина и просторно планирање, со поддршка на Европската Унија.
Настанот официјално го отвори г. Башким Амети, министер за животна средина и просторно планирање, кој нагласи значењето на темата за Министерството, во период кога се градат три пречистителни станици за отпадни води, како и напорите на Министерството насочени кон обезбедување средства за изградба на пречистителни станици и подобрување на канализационата мрежа за обезбедување подобра заштита на водните ресурси во земјата.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, г. Самуел Жбогар, исто така се обрати кон присутните, нагласувајќи ја приоритетноста на управувањето со водите и реформите во водниот сектор од страна на ЕУ.
На официјалниот дел од конференцијата, г. Игор Спасовски, претседател на АДКОМ, и г. Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, говореа за новата улога на РКЕ и насоките за функционирање на ова тело, што беше клучно за ЈП и резултираше со дискусија која беше корисна и за нив и за РКЕ.
Конференцијата исто така вклучуваше гостин-претставник – г. Батон Беголи, советник за водна политика во Меѓуминистерискиот воден совет, претседаван од премиерот на Косово, кој говореше за искуствата на Косово во регионализацијата на водните услуги и даде совети за успешна и полесна реализација на процесот на реформи.
Модератор на конференцијата беше г-ѓа Јадранка Иванова, шеф на одделот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање, а сите тим-лидери на трите проекти презентираа различни аспекти на водните реформи низ призмата на нивните проекти.
Конференцијата ги собра главните засегнати страни, што беше клучниот аспект од целите поставени од самиот почеток – да се иницира дијалог меѓу нив. Реформите имаат огромно значење за земјата, како сега така и во иднина.
Настанот беше широко медиумски покриен, како од електронски, така и од печатени медиуми.